Воздухот во Кичево неколкукратно позагаден од максимално дозволеното

Категории: Кичево, Слајдер

Средна измерена загаденост на воздухот на дневно ниво

Во текот на вчерашниот ден загаденоста на воздухот во Кичево била речиси за трипати поголема од максимално дозволената граница од 50 µg на m3. Ова се резултатите од мерната станица на Министерство за животна средина и просторно планирање во нашиот град.

Според страницата на која се прикажуваат резултатите од мерењата во повеќе градови низ Македонија, во текот на вчерашниот ден, концентрацијата на штетни честички во Кичево била 146,46 µg на m3, речиси трипати поголема. Резултатите

Но уште пострашни се показателите кои покажуваат дека во делови од денот загаденоста е дури и седум пати позагаден од максимално дозволеното.

Загадување на воздухот мерено по час

Нивото на загаденост изминатите денови било следно:

Датум µg/m3
————————–
02.11.2013 85,50
03.11.2013 63,78
04.11.2013 80,12
05.11.2013 94,41
06.11.2013 68,46
07.11.2013 77,84
08.11.2013 79,77
09.11.2013 86,47
10.11.2013 81,90
11.11.2013 89,53
12.11.2013 146,46
————————–

Сеуште важат препораките:
– Приватните моторни возила да не се користат без поголема потреба
– Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
– Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
– Правилно да се користат печките за дрва

Препораката до граѓаните, а особено до ранливите категории (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот систем и крвотокот, со посебен ризик за болните од белодробна астма) е да го ограничат движењето и активностите на отворен простор во овој период.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics