Од недела нов возен ред на возовите

zeleznicka

ПРЕЗЕМИ ВОЗЕН РЕД

Возовите на Македонски железници Транспорт од задутре ќе сообраќаат по нов возен ред.

Кон Белград ќе сообраќаат два пара возови. Утринскиот од Скопје ќе тргнува во 8:20 часот, а вечерниот во 22:14 часот. Од Белград возовите за Скопје ќе тргнуваат во 7:45, односно во 18:50 часот.

Возот за Солун ќе тргнува во 4:45 часот наутро, а во Солун ќе пристигне во 10:07 часот (грчко сметање на времето). Од Солун возот за Скопје тргнува во 18:30 (грчко сметање на времето) и во Скопје ќе пристигне во 21:45 часот.

Утринскиот воз од Приштина за Скопје тргнува во 7:10 часот, а од Скопје за Приштина во 16:20 часот. Во внатрешниот железнички сообраќај од Скопје до Битола ќе сообраќаат 4 пара возови, до Гевгелија три пара возови, до Кичево два пара и до Кочани 1 пар возови. Велешани до Скопје и обратно ќе се возат со 11 пара возови.

Новиот возен ред ќе важи до 12 декември следната година.