Нов возен ред на Македонски железници

Македонски железници започнувајќи од 9-ти декември воспоставија нов возен ред на сообраќање на возовите.

Возовите кои поаѓаат од Кичево ќе бидат по следниот редослед:

– Кичево – Скопје: поаѓа во 05.33 – пристигнува во 07.35 (на 3 колосек)

– Кичево – Скопје: поаѓа во 12.18 – пристигнува во 14.22 (на 5 колосек)

Возовите кои пристигнуваат од Скопје кон Кичево ќе бидат по следниот редослед:

– Скопје – Кичево: поаѓа во 08.05 (на 5 колосек) – пристигнува во 10.12

– Скопје – Кичево: поаѓа во 16.50 (на 5 колосек) – пристигнува во 18.54

Возниот ред е во сила од 9 декември 2012 па се до 14 декември 2013 година.