Студено со повремен дожд и снег на повисоките места

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Претпладне во југоисточните делови од земјава ќе има услови за слаби врнежи од дожд, на планините слаб снег, а во западните ќе има и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од три до седум степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно при што во југоисточните делови повторно ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа, од петок до понеделник ќе биде стабилно и претежно сончево со ниски утрински температури.