Времето денес, сабота 15 ноември

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 14 до 19 степени.

Од утре до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и појава на магла по одделни котлини. Температурата ќе биде без големи промени.