Денес наместа со обилни врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен, особено во западните делови. Во источните делови локално ќе има услови за интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Во доцните пладневни часови ќе има извесно намалување на облачноста и постепено врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој во попладневните часови ќе го промени правецот во северен и ќе донесе заладување и постепено стабилизирање на времето.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 11 до 17 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и суво. Дневната температура ќе опадне за пет до шест степени.