Попладне дожд, од понеделник пообилни врнежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на магла по оддлени котлини. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во ноќните часови ќе се прошират и во останатите подрачја.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од шест до 11 степени.

И во наредните денови времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено во четврток во вечерните и ноќните часови. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува од понеделник.