Облачно и магливо, од недела дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од седум до 12 степени.

Повеќе сончеви периоди ќе има утре. Од недела се очекуваат нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни на почетокот на наредната седмица.