Времето денес, четврток, 6 ноември

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Долж Повардарието и во котлините ќе има услови за појава на магла која во текот на денот ќе се намалува, а преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 14 до 18 степени.

Во наредниот период под влијание на јужно струење ќе се задржи релативно топло време, на повеќе места со зголемена облачност. Во одделни котлини и понатаму наутро ќе има појава на магла. Од петок во вечерните часови до недела претпладне ќе се задржи променливо облачно време проследено со врнежи од дожд, а врнежите пред се ќе бидат во јужните делови од земјата каде се очекуваат да бидат и пообилни.