ВРЕМЕПЛОВ: 13 септември

Категории: Времеплов, Слајдер

1506.- Умре италијанскиот сликар и гравер Андреа Мантења кој ги изработил величенствените фрески во црквите на еремите во Падова и во дворецот во Мантова, урнати во Втората светска војна.

1592.- Умре францускиот писател и филозоф Мишел Ејквем де Монтењ, обновувач на интелектуалниот скептицизам и предвесник на слободните општествени мисли во 17. и 18. век. Де Монтењ сметаше дека човечкиот разум е немоќен во барањето вистина и правда, но дека секој човек е должен да изнајде извесни норми во приватниот и јавниот живот како би живеел разумно свесен за своите општочовечки одговорности.

1598.- Умре шпанскиот крал Фелипе Втори, кој ја предводеше земјата во војните против Отоманското царство од 1571 до 1578 и против Англија од 1588  година, која заврши шест години по неговата смрт. По поразот на неговата „Непобедлива армада“ во 1588 година во битката со англиската морнарица во каналот Ла Манш, Шпанија никогаш повеќе не стана светска сила.

1788.- Њујорк е прогласен за прва федерална престолнина во САД.

1819.-  Родена е германската пијантистка Клара Шуман, една од најголемите мајстори на клавир во 19. век. Нејзината концертна кариера започна на деветгодишна возраст. Ширум Европа ги популаризираше делата на Роберт Шуман, за кого се омажи во 1840 година. Покрај неговите дела, ги популарилизираше и делата на Лудвиг ван Бетовен, Фредерик Шопен, Јоханес Брамс, Феликс Менделсон.

1872.- Умре Лудвиг Фоербах, германски филозоф. Беше под влијание на Хегел, а потоа стана критичар на неговата филозофија. Од делата познати му се „Суштина на христијанството“, „Мисли за смртта на бесмртноста“, „Суштина на религијата“ и други. Роден е на 28 јули 1804 година.

1874.- Роден е австрискиот композитор Арнолд Шенберг, основач и теоретичар на модерниот музички експресионизам, и професор на музичката академија во Виена, Берлин, Бостон и во Лос Анџелес.

1882.- По востанието кое ги загрози плановите на Лондон за користење на Суетскиот канал, Британците ја поразија египетската војска кај Тел ел Кебир, Египет, и продолжија со освојување на земјата и соседен Судан.

1887.- Во Вуковар, Хрватска е роден Леополд (првобитното име Лавослав) Ружичка, швајцарски хемичар од словачко потекло. Добитник е на една половина од Нобеловата награда за хемија во 1939 година за изучувањето на сексуалните хормони. Втората половина од наградата ја доби германскиот биохемичар Адолф Бутенант. Умрел во Цирих, Швајцарија, на 26 септември 1976 година.

1894.- Роден е англискиот писател Џон Бојнтон Пристли, автор на дела со ведрина и хумор, но и со критика за општеството. Дела: „Добри другари“, „Англиско патување“, „Полноќ во пустина“, „Ангелско сокаче“, драмите: „Дојдоа до градот“, „Инспекторот дојде“, „Чаша пиво“, есеите „Англиски комични ликови“, „Англиски роман“, „Англиски хумор“, „Дикенс и неговиот свет“.

1903.- Во Париз е родена Клодет Колбер, родена е како Клодет Лили Шошоан, кралица на холивудските комедии во триесеттите гдоини на 20. век. Умрела во Бриџтаун, на карипскиот остров Барбадос, на 29 јули 1996 година.

1903.- Роден е српскиот писател Бранимир Ќосиќ, кој пишувал за животот на младите по Првата светска војна.

1903.- Околу 2.000 жители од Охридско, пред силниот налет на Бахтијард-пашовата туска војска што пустошеше се пред себе, побара засолниште во месноста Рашанец. Збегот беше добро организиран и заштитуван од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други. Со помош на предавник, турската војска го скрши и овој востанички отпор на македонското население од овој крај во времето на Илинденската епопеја. Околу 200 жители од Охридско загинаа во борбата на Рашанец. Меѓу загинатите беше и војводата Аргир Маринче, кој со својата храброст им даде пример на сите борци како треба да се борат за слободата на својот народ. Аргир Маринче е роден во Охрид, во 1870 година.

1922.- Во Ел Азизи во Либија, измерена е највисоката температура во сенка – 58 Целзијусови степени.

1923.- Во Шпанија на власт дојде генералот Мигел Примо де Ривера кој со благослов на кралот Алфонсо Тринаесетти заведе профашистичка диктатура со која привремено го задуши револуционерното демократско движење.

1924.- Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот “Автономна Македонија” и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација. Роден е во Штип, на 5 јануари 1875 година.

1953.- Во Скопје, на Градскиот стадион, се одигра првиот меѓусебен прволигашки фудбалски натпревар меѓу Вардар и Работнички. Резултатот заврши 2:2.

1955.- СССР и Западна Германија воспоставија дипломатски односи.

1971.- Во нападот на американската полиција и Националната гарда, со кој заврши петдневниот бунт во њујоршкиот затвор Атика, загинаа 31 затвореник и 11 затворски чувари.

1989.- Најголемите демонстрации против апартхејдот во Јужна Африка, во Кептаун, ги предводеше надбискупот Дезмонд Туту.

1989.- Во Тирана умре Стеријо Спасе, албански писател од македонско потекло. Роден е во селото Глобочица, во 1914 година.

1991. – САД и СССР се договорија да престанат со дотур на вооружувањето на завојуваните страни во Авганистан.

1992.- Умре американскиот филмски глумец Ентони Перкинс. Филмови: „Психо“, „Пријателско убедување“ (Оскар), „Процес“, „Го сакате ли Брамс?“, „Квака 22“, „Судија за бесење“, „Убиство во Ориент експрес“, „Црна дупка“.

1993.- Израел и Палестинската ослободителна организација во Вашингтон потпишаа мировен договор.

1993.- Во Скопје умре Јон Исаја, претставник на најстарата генерација македонски артисти. Роден е во Тетово, во 1915 година.

1994.- Во Скопје трагично го заврши својот живот Радмила Трифуновска, македонски писател, предавач и новинар. Автор е на поезијата “Зли дождови”, “Црни птици” и на расказите “Жена и војна” и “Враќање”. Родена е во Скопје, на 28 март 1390 година.

1995.- Република Македонија и САД воспоставија дипломатски односи.

1995.- Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Стево Црвенковски и Каролос Папуљас во Њујорк во присуство на Сајрус Венс, специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, потпишаа привремена Спогодба за пријателски односи и градење доверба и се обврзаа на почитување на заемниот суверенитет и територијален интегритет прифаќајќи ги меѓународно признаените државни граници.

2001- Државниот секретар на САД Колин Пауел првпат потврди дека саудискиот исламски терорист Осмама бин Ладен е осомничен како организатор на терористичките напади на Ал Каеда изведени  два дена пред тоа во Њујорк и во Вашингтон во кои загинаа безмалку 3.000 лица.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: