ВРЕМЕПЛОВ: 23 септември

Категории: Времеплов

63 п.н.е- Роден е римскиот државник и војсководец Гај Јулие Цезар Октавијан Аугуст, прв римски цар, посвоен син на Гај Јулие Цезар. Во 31 година п.н.е. по освојувањето на Египет ја презеде целата власт и ја укина републиката. Воведе нов облик на владеење и администрација, познат како принципат (централизација на власта). Со новите изградби го разубавил Рим, помагал на науката и уметноста со што неговото владеење е најубавиот период во римската историја кое е наречено „Августов“ и „Златен век“.

1719.- Лихтенштајн стана независно кнежество во рамките на Светото римско царство.

1817.- Шпанија и Велика Британија потпишаа договор за забрана на трговија со робје.

1819.- Роден е францускиот физичар Арман Иполит Луј Физо, кој заедно со Леон Фуколт ја измерил брзината на светлината.

1846.- Германскиот астроном Јохан Готфрид Гале ја откри планетата Нептун.

1870.- Умре францускиот писател Проспер Мериме. Тој со неговите новели „Кармен“ и „Коломбо“ го инспирирал францускиот композитор Жорж Бизе да напише опери. Со голем восхит пишувал за руските писатели Александар Пушкин, Николај Гогољ и Иван Тургењев.

1889.- Роден е Волтер Липман, северноамерикански новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања. До 1966 година беше редактор и уводничар на весникот „Њујорк хералд трибјун“. Два пати е добитник на Пулицеровата награда. Умре на 14 декември 1974 година.

1901.- Во Прага е роден Јарослав Сајферт, чехословачки писател, поет – лиричар, чии стихови ги воспеваат младоста, надежта, љубовта кон природата и солидарноста со потчинетите. Познати се неговите стихозбирки „Град на солзи“, „Славејот лоше пее“, „Изгаснете ги светилките“ и „Додека не падне дожд на нашиот мртовечки сандак“. Во 1984 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Прага, на 10 јануари 1986 година.

1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водеше последната востаничка битка (Пелистерска битка) во Битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинаа 48 востаници.

1916.- Роден е италијанскиот политичар и универзитетски професор Алдо Моро, премиер на Италија од 1963 до 1968 и од 1974 до 1976 година. Беше министер за правосудство, министер за образование, политички секретар на Христијанско-демократската партија и повеќе пати шеф на дипломатијата. Во март 1978 го киднапира и уби терористичката група „Црвена бригада“.

1920.- Роден е американскиот филмски глумец Џо Џул, познат како Мики Руни, кој уште како дете беше филмска ѕвезда.

1923.- Под раководство на Комунистичката партија на Бугарија е кренато масовно антифашистичко востание во Бугарија и во Принска Македонија, познато во историјата како Септемвриско востание. Востанието беше резултат на изострената револуционерна криза во земјата и претставуваше отворен судир на бугарската реакција со работничката класа и потчинетиот народ во Пиринска Македонија.

1930.- Роден е американскиот пејач и композитор од африканско потекло Реј Чарлес, кој иако слеп, постигна блексава кариера. Врз неговиот стил најмногу влијаеше црнечката госпел музика и блузот.

1932.- Неџ, Хеџас и повеќе други држави се соединија во една држава Саудиска Арабија.

1938.- Во Виена е родена Роми Шнајдер, австриска филмска актерка. Сними повеќе од 50 филмови, најмногу во Франција и во Италија. Најпознати и се улогите во филмовите „Сиси“, „Кардинал“, „Победници“, „Убиството на Троцки“ и „Директна смрт“. Умре во Париз, на 29 мај 1982 година.

1939.- Во Лондон умре Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Најпознати негови дела се „Кон психологијата на секојдневниот живот“, „Толкување на соновите“ и други. Роден е во Фрајберг, на 6 мај 1856 година.

1957.- Грција го отфрли барањето на Букурешт Романија да се приклучи на Балканскиот сојуз, во кој со договорите склучени во 1953 во Анкара и во 1954 година на Блед влегоа Југославија, Грција и Турција.

1973.- Во Сантјаго умре Пабло Неруда, чилеански поет, комунист и општествен работник. Тој се вбројува меѓу најголемите писатели што твореле на шпански јазик. Храбро се спротивстави на фашистичката хунта по убиството на Аленде. Неговиот погреб во 1973 година се претвори во величенствена манифестација на чилеанските антифашисти и патриоти против стравовладеењето на Пиноче. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1971 година и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1972 година. Роден е во Парал, на 12 мај 1904 година.

1973.- На вонредните паралментарни избори за претседател на Аргентина избран е Хуан Перон, а за потпретседател неговата сопруга Изабела.

1982.- Новиот лидер на либанските христијани Амин Џемаел е избран за претседател на Либан.

1984.- Во Струга умре Владо Малески, македонски револуционер, општествено-политички работник, писател, публицист и сценарист. Тој е еден од најталентираните основоположници на младата македонска проза. Автор е на книгите раскази „Ѓурѓина алова“, „Бранувања“ и „Кажувања“, на романите „Она што беше небо“, „Војната, луѓе“, војната“, „Разбој“, „Записи на Езерко Дримски“ и „Јазли“. Автор е на сценариото за првиот македонски филм „Фросина“. Роден е во Струга, на 5 септември 1919 година.

1991.- Ерменија прогласи независност од СССР.

1993.- Умре Фернан Леду, еден од доајените на француското актерство. Играше во околу 800 театарски и филмски претстави. Роден е во 1897 година.

1996.- Грчкиот социјалистички премиер Костас Симитис, кој на позицијата дојде во јануари 1996 година на местото на тешко болниот Андреас Папандреу, го победи на изборите конзервативниот ривал и доби четигодишен мандат за управување со земјата.

1997.- На мировните преговори во Северна Ирска, протестанските унионисти за првпат после 75 години разговараа лице во лице со водачите на „Шин Фејн“, политичко крило на северноирската римокатоличка терористичка организација на Ирската републиканска армија.

1999.- Југословенската влада побра од Советот за безбедност на Обединетите нации да го поништи преименувањето  на терористичката „Ослободителна војска на Косово“ во Косовски заштитен корпус, бидејќи со тоа терорситите практично се легализираат.

1999.- Руски воени авиони го бомбардираа аеродромот во Грозни, на почетокот на кампањата за искоренување на исламските терористи во Чеченија.

2001.- Во Полска изборите ги добија реформираните комунисти.

2006.- Умре британскиот композитор Малколм Арнолд, творец на музиката за филмот „Мост на реката Квај“. Компонирал музика за 132 филма, седум балети, девет симфонии и две опери.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics