Напредок: Вренцоски е вистинска замена за Симоновски

Заминувањето на Марко Симоновски од фудбалскиот прволигаш Напредок зимава придонесе сино-белите да покажат големи осцилации во завршницата од својата игра, па се случи на дури 330 минути ниту еднаш да не ја затресат противничката мрежа.

И покрај евидентната неконзистентност во нападот, сепак еден млад играч се наметнува како најсериозна алтернатива за „деветката“. Тоа е Вецко Вренцоски (21), фудбалер што дури пет пати на подготвителните натпревари се запиша во листата на стрелците. Видлива е позитивната промена во неговата игра.

– На наше задоволство, на овие подготовки сѐ подобри перформанси во нападот покажува младиот Вренцоски, кој пет пати беше стрелец. Се работи за млад и релативно неискусен фудбалер, а од него во најголема мера ќе зависи дали ќе израсне во врвен стрелец. Потенцијалот е тука, но треба уште многу работа за да дојде до рамништето што и самиот, а и ние во клубот од него го очекуваме – рече Драган Бочевски, тренерот на Напредок.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија