Вучиќ и Рама вербално се пресметаа пред камерите поради Косово

Категории: Свет, Слајдер

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да му дозволи на никого да ја понижува Србија во Белград, нагласувајќи дека е изненаден од провокациите во изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, кои не ги очекувал, јави Танјуг.

– Прашањето за Косово е решено и тоа е факт. Можеме да зборуваме за различни чекори, но сметам дека ништо не може да не спречи да ја кажеме вистината, рече албанскиот премиер Еди Рама.

Вучиќ истакна дека не може да сфати каква врска има Рама со Косово.

– Нема да дозволам и мојата фунција не дозволува на некого да му дозволам да ја понижува Србија во Белград. Косово е дел од Србија според српскиот Устав и немало и нема да има никаква врска со Албанија, рече Вучиќ.

Изразувајќи жалење за индицентот и за тоа дека Рама ја искористил оваа можност да зборува за тема, која не била договорена, Вучиќ рече дека и покрај тоа ќе ги продолжи разговорите со албанскиот премиер.

На реакцијата на српскиот премиер на неговата изјава, Рама повтори дека независно Косово е реалност, која треба да биде прифатена и оти голем број земји тоа веќе и го сториле.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,