Денот кога ќе почнеме да ги населуваме другите светови (видео)

wanderers

Wanderers (Скитници) е краток документарен филм кој ја прикажува визијата како ќе изгледа населувањето на луѓето на соседните планети од Сончевиот систем. Направен е на база на научни идеи и концепти кои прикажуваат како би изгледала нашата колонизација, доколку таа би се случила еден ден.

Сцените прикажани во филмот се анимација на вистински места кои постојат во нашиот Сончев систем. Добиени се од вистински фотографии и мапи кои на авторите им биле достапни при израбоката на филмот.

Првичната идеја на авторите е да се прикаже невообичаената и убава природа која постои на световите кои се во нашето соседство и како би изгледало доколку ние се најдеме таму.

Дополнителна тежина на ова дело му дава Карл Саган, таткото на идеите за човековото присуство во световите различни од нашиот. Режијата е на Ерик Вернквист (Erik Wernquist).

Погледнете го краткото филмче, трае само 3,50 минути.

Wanderers – a short film by Erik Wernquist from Erik Wernquist on Vimeo.