ФОТО: Ексклузивно од World Mobile Congress во Барселона

Категории: Мултимедија, Свет, Слајдер

Kicevo.Mk ве води на мала прошетка на World Mobile Congress кој оваа година се одржува во Барселона, Шпанија. Нашата екипа е присутна на овој настан и од истиот повремено ќе ве информираме. Што е интересно што видовме?

Samsung 2nd Screen Ads, како новитет од Самсунг кој овозможува препознавање на ТВ реклами на мобилниот телефон. Доволно е мобилниот да се протресе и автоматски се препознава ТВ рекламата после што мобилниот отвора линк или повеќе податоци за рекламираниот продукт.

Доста се форсира новата NFC технологија поради што има доста новитети поврзани со неа. Еден од нив е Samsung Tec Tiles, што со помош на NFC се овозможува активирање на одредена апликација или акција со едноставно приближување на телефонот до Tec Tiles. На еден Tec Tiles моќе да се запаметат и до 8 акции. На пример при ставање на мобилниот телефон во автомобил, доколку имате Tec Tiles и уред со NFC, Може да се пушти системот за навигација без притоа да се конфигурира и подесува самиот телефон.

Sasmsung завчера го претставија Note 8.0,  а веќе вчера имавме ексклузивна можност да го погледнеме на нивните штандови.

Хостесата на Samsung пребледе откако ја испробавме нашата апликација Crack Your Screen на најновиот Samsung Galaxy Note 8.0 :)

Nokia ни се пофалија со Lumia 720  и нивните новитети околу едитирањето на слики и бесплатна музика. Апликацијата за едитирање на слики овозможува практично додавање на живост на секоја слика. Имено се сликаат повеќе слики од одредена сцена и подоцна со помош на нивната апликација може да се одлучи кој дел од сликата да продолжи да се движи, а кој дел да биде статичен. Ефектите кои произлегуваат се доста интересни.

Исто така имавме можност да го видиме и 3D принтерот со кој на лице место се печатеа тазе Nokia Lumia маски за телефонот.

LG Optimus G

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , , , ,