За влакно избегната авионска несреќа на небото помеѓу Кичево и Прилеп

Категории: Македонија, Слајдер

На 7 ми мај годинава била избегната голема авионска несреќа над македонското небо, јави телевизија Алфа.

Пилотите на два патнички авиона имале наредба да не ја менуваат предвидената рута, а авионите на компаниите Изиџет и Шамрок Ерлајнс избегнале судар само благодарение на авионските уреди кои сигнализираат опасност од приближување на друг авион.

Имено, за овој инцидент по барање на двете компании Еуроконтрол започна истрага.

Како што соопшти телевизијата, авионите се наоѓале на потегот помеѓу Прилеп и Кичево на 800 метри оддалеченост, што се смета за многу критично.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство за Алфа потврдија дека нивни инспектори го истражуваат случајот. Оттаму само кусо одговорија дека се работи на утврдување на причините, по што ќе се преземат натамошни активности. Паралелно бил формиран тим и во Македонска навигација, каде исто така во тек била интерна истрага околу инцидентот.

Според процедурата, комплетниот записник од истрагата ќе треба да биде испратен до националниот комитет надлежен за испитување на инциденти. Статистиката покажува  дека по катастрофата од 2002 кога над Швајцарија се судрија руски патнички авион и карго на комапнијата ДХЛ, во светски рамки се регистрирани уште десетина слични инциденти кои за среќа минале без човечки жртви.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,