Забранет сообраќај на Стража за тешки товарни возила

Категории: Кичево, Слајдер

Поради обилните врнежи од снег забранет е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Гостивар преку планинскиот премин Стража.

Поради врнежи од снег и остатоци од снег на коловозот забрана за движење на тешки товарни возила од 8 часот и 20 минути изутрината е воведена и на патниот правец крак Маврово-Дебар.

Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,