Се забрзува постапката за легализација на дивоградбите

Категории: Кичево, Слајдер

Општина Кичево ги известува сите заинтересирани граѓани дека се забрзува постапката за легализација на бесправно изградените објекти. За таа цел, се зголемува бројот на комисии кои ги разгледуваат поднесените барања, од постојните 3 на 7 комисии.

Со формирањето на овие комисии граѓаните немора да шетаат по шалтерите на општината, туку комисијата сама ќе ја разгледа ситуацијата на терен и ја олеснува работата. Постапката за добивање на правно изграден објект се остварува според одредбите на законот, така што подносителот прво треба да го потполни барањето при што треба да ги приложи своите лични документи, платени сметки за електрична енергија, и геодетски елаборат за верификација на фактичката состојба на дивоизградениот објект. Со добивањето на правниот статус за дивоградбата, граѓанинот добива право за легализирање на објектот, нешто што за секогаш ќе го реши со дивоградбата, и објектот ќе биде опфатен во Деталниот Урбанистички План.

Општина Кичево апелира до граѓаните што побрзо да поднесат барања за легализација на бесправно изградените објекти и со тоа општинската администрација што побрзо да го реши предметот.
За подетални информации можете да се обратите во Општина Кичево секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,