ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вечерва отвораат заеднички изборен штаб во Кичево

Коалицијата „Кичевчани за Кичево“ вечерва во 20:00 часот организира заеднички настан во рамките на изборната кампања во општината.

Градоначалникот и кандидат на коалицијата „Кичевчани за Кичево“ Благоја Деспотоски заедно со пратениците Игор Ивановски од СДСМ и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ќе го отворат заедничкиот изборен штаб во центарот на градот.

На настанот ќе присуствуваат и локалните разграноци од ромската и турската коалиција од општина Кичево, а за значењето за изборната соработка ќе бидат дадени изјави за медиумите.

Повелете на свеченоста!