Заев одржа трибина во Кичево

Вчеравечер во посета на Кичево беше тим на СДСМ предводен од претседателот на партијата Зоран Заев, заменик претседателот Александар Кирацовски, пратеникот Јани Макрадули и претставници од локалната  организација на СДСМ во Кичево.

Заев пред кичевчани во центарот за култура „Кочо Рацин“ ја претстави новата програмата на партијата во делот на економијата, образованието, социјалата и здравството.

Ова е прва официјална посета на Зоран Заев на Кичево откако стана претседател на СДСМ во јуни оваа година.