Загина возач кај Гарани

soobrakajka-ki-gos

На регионалниот пат Кичево –Осломеј поточно на крстосницата помеѓу селата Црвевци и Гарани во петокот во 15:45 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички моторни возила „опел кадет“ управувано од Раим И.(83) од Скопје и „опел вектра“ управувано од Т.Б.(38) од село Вранештица, кичевско.

Во незгодата починал Раим, додека со лесни повреди се здобил Т.Б. и уште двајца сопатници.