Зајас со убедливи 3:0 го совлада 11-ти Октомври

Категории: Спорт

 

Со најдобрата игра во текот на есенската полуетапа, екипата на Зајас го совлада тимот на 11-ти Октомври со 3:0.
Домаќините за време на целиот натпревар ја имаа иницијативата, создадоа десетина зрели прилики за гол, постигнаа 3 гола, а двата последни ги дадоа во периодот кога имаа играч помалку на теренот, по исклучувањето на голманот Мустафоски. Головите за екипата на Зајас ги постигнаа: Асков во 51, Ф.Кадриу во 79 и В.Исмаили во 90 минута.
– Можам да бидам презадоволен од играта на моите фудбалери. Можевме многу порано да ја обезбедиме победата, бидејќи во првото полувреме прокоцкавме неколку прилики кои можеа да бидат претворени во наше водство. Ова е доказ дека имаме капацитет рамноправно да се носиме и со поискусните екипи во второлигашкото друштво- рече Зоран Георгиески, тренерот на Зајас.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics