Зајас безмилосен пред своите гледачи

Категории: Спорт

Зајас- Врапчиште 2 :1
Екипата на Зајас и против фаворизираниот состав на Врапчиште одигра супериорно, во текот на сите 90 минути доминираше на теренот, создаде многу прилики за гол од кои реализира 2 и сосема заслужено ги освои трите бода.
 По двете промашени прилики на Зајас, во 20-та минута домаќините поведоа со 1:0 со голот на најдобриот поединец на натпреварот Ф.Кадриу. Тој една подобра акција на својата екипа ја претвори во водство од 1:0. Гостите успеаја да израмнат во 29 минута по третиот корнер кој перфектно го изведе Мемеди, а на Савески не му беше тешко од само неколку метри да ја пласира топката во небранетата мрежа на Адили.
 Во второто полувреме буквално се играше на еден гол. Се редеа акциите на домаќините и шансите пред голот на добриот Талески. Сепак во 52 минута попушти одбраната на гостите, кога домаќините прекуалили поведоа со 2:1. На голот му претходеше нафрлање на Исмаили од 40-ина метри, во гостинскиот шеснаесетник топката со глава ја пречека Шаќири, на спротивната страна од 16-те метри го пронајде Алили, кој со силен и прецизен удар ја заби топката во мрежата на Врапчиште за конечни 2:1 за екипата на Зајас.
Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,