Зајас на прагот од Втората лига

Само уште едно скалило ја дели екипата на Зајас од најголемиот клупски успех а тоа е влез во Втората фудбалска лига. Последен испит кон тој пат ќе биде второлигашот Баби од Штип, а бараж мечот се игра утре на стадионот во Ѓорче Петров. Во клубот се е подготвено за нов триумф на Зајас, кој ќе му донесе историски успех ,за првпат да се најде во друштвото на второлигашите.

Тренерот Зоран Георгиески со голем оптимизам и верба во својата екипа го очекува саботниот дуел.

-Сега кога сме на чекор од најголемиот клупски успех, се ќе направиме да дојдеме до долго посакуваната цел а тоа е влез во Втората лига. Имаме квалитет и искуство кое ни гарантира успех и на овој решавачки натпревар. Екипата на Баби е добро простудирана од наша страна, така што подготвени во сите сегменти атакуваме кон историската цел-рече кормиларот на Зајас.

Зоран Антоски