ФОТО: Страотна сообраќајка кај Зајас, едно лице загина, две потешко повредени

Вечерва во 19:30 минути на регионалниот пат во близина на општина Зајас се случи страотна сообраќајна несреќа во која учествуваа три возила, Форд Транзит, Мерцедес С и Трактор.

Лицето, засега со непознат идентитет што го управувал товарното комби со гостиварски регистарски таблички брендирано на „Pepsi“ на лице место го изгуби животот, додека возачите на Мерцедесот со Скопски регистарски таблички и тракторот се потешко повредени но се вон животна опасност. На екипите им требало време додека успеат да го извлечат телото на настраданиот.

Според првичните неофицијални извори до несреќата дошло при претекнување на едно од возилата.

Извор: Davy