Големо заладување од наредната недела, па снег

0Shares

Голем пад на температурите се прогнозира од почетокот на наредната недела. Утринските температури ќе се спуштат на -2 степени целзиусови, а максималните дневни температури нема да бидат повисоки од 6 степени во текот на денот.

Првиот снег се очекува да падне на 28 ноември. Метеоролозите предвидуваат дека оваа зима ќе биде и една од најладните и најврнежливите со снег во изминатите 100 години. Додуша вакви предвидувања излегуваат пред секоја зима. Останува да видиме.

Кичево е преубаво во зима. Се надеваме дека барем прогнозите за снег ќе се остварат.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)