Заменикот министер Сајкоски во посета на општина Берово

Заменикот министер за локална самоуправа, Ѓоргија Сајкоски, денес ќе ја посети општина Берово.

На средбата со градоначалникот Драги Наџински ќе се разговара за функционирањето на општината и за реализацијата на проектите за развој на општината, со акцент на проектите кои што финансиски се поддржани од Министерството за локална самоуправа и од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка.