Заменикот министерот Сајкоски во посета на општина Вевчани

Категории: Македонија, Слајдер

Заменикот министер за локална самоуправа, Ѓоргија Сајкоски ја посети општина Вевчани. На состанокот со градоначалникот Цветомир Угриноски, заменикот министер се информираше за реализацијата на тековните проекти во општината.

Заменикот министер Сајкоски изрази задоволство од програмата за развој на општината која што е насочена кон реализација на проекти за развој на туризмот во општината.

Како што изјави градоначалникот Угриноски, локалната власт има за цел Вевчани да се развие во удобно место и за жителите и за туристите. Од оваа учебна година 270 ученици посетуваат настава во ново, современо основно училиште, а во тек се работите и на спортската сала.  Општината има за цел природните убавини да ги стави во функција на сопствениот развој и преку изградба на скијачки терени и жичарница на планината Јабланица.

Заменикот министер Сајкоски информираше за можностите за реализација на значајни проекти преку ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка, како и преку Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа.

Вевчани е најмала општина во државата, но исклучителна по своите природни убавини и својата традиција. Овој потенцијал нуди солидна перспектива за развој на општината, а Министерството за локална самоуправа ќе ги поддржи сите квалитетни проекти, во рамките на своите надлежности, рече Сајкоски.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,