Заменикот министер за локална самоуправа во посета на Крушево

Категории: Македонија, Слајдер

Заменикот министер за локална самоуправа, Ѓоргија Сајкоски,  ја посети општина Крушево.

На средбата со градоначалникот и претставници од Советот на Општина Крушево се разговараше за тековните активности на општината, со посебен акцент на проектите кои што се координирани од страна на Министерството за локална самоуправа. Заменикот министер Сајкоски беше информиран дека општина Крушево  е целосно фокусирана кон искористување на средствата од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција и  дека  во изминатиов период  општина Крушево со средствата од Европската Унија го реализираше проектот за алтернативен туризам – „Крушево град на традицијата, црквите и манастирите“, а со нов проект се планира да се обезбедат средства за реставрација и пренамена на старата школска зграда во Крушево со автентичен амбиент,  во културен центар.

Заменикот министер Сајкоски изрази задоволство од програмата за развој на општината која што е насочена кон реализација на проекти за равој на туризмот. На состанокот Сајкоски потенцираше дека Министерството за локална самоуправа во секој момент е отворено за соработка и нуди поддршка за сите квалитетни проекти од општината, во рамките на своите надлежности.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,