Е замисли што мажи биле тие што се уплашиле (24)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

2003 година, 100 години од Илинденското востание. Цела година подготовки, санација на споменици од тој период ……. Помпезна најава на сите ѕвона: ….од Истабул ќе ни биде донесено оригиналното црешово топче.
Со сета должна почит, беше донесено оригиналното црешово топче. Слета авионот и за прв пат во оригинал видовме и допревме 100 – годишна историја на нашите предци. Црешовото топче беше предадено во рацете на гардист кој го носеше со леснотија.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Анџак на муабетот, влегува Злате С. во една од кичевските кафеани каде претежно се собираат преставници од разни етнички припадности и каде секој со секого терат дангара без пардон и без лутење, што е најважно. Веднаш „удар“ в ребра: – … „Абе Злате со ова топчево ко стебло ќе го уривавте Султанот наш / Е замисли што мажи биле тие што се уплашиле од него“ … им дал каршилак со контра Злате С. ….раскажано од Сабата.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,