Напредок го игра заостанатиот меч во недела

Категории: Спорт

Одложениот првенствен натпревар помеѓу Напредок и Металург, кој завчера требаше да се одигра во Кичево, е презакажан за недела, од 13 часот.

Домаќинот на овој натпревар, кичевски Напредок, има обврска навремено и прописно да го подготви теренот независно од временските услови. Мечот не се одигра поради обилни врнежи од снег и мраз на теренот.

– Комесарот за натпревари нѐ информира дека мечот од последното есенско коло што завчера требаше да се одигра на стадионот во Кичево и кој беше одложен поради временските неприлики ќе се одигра в недела од 13 часот. Се надеваме дека и времето ќе биде нешто подобро за разлика од овој викенд и последниот првенствен натпревар, конечно ќе биде одигран во услови какви што заслужуваат аспирантите за највисок пласман – информира Кочо Зердески од управата на Напредок.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,