Запленети шверцувани лекови на кичевскиот пазар

Во саботата по претходна дојава од граѓанин, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, од државјанин на Република Албанија, на пазарот во Кичево, одземале ветеринарно – медицински лекови шверцувани од Албанија.

Лековите кои тој ги продавал  без соодветна декларација. Станува збор за 50 дерма спрејови, 1.000 таблети „албендозол“, 10 шишиња „евита селен“, девет шишиња антибиотик „пенстерп“ и едно шише хормон „окситоцин“. Одземени се и две шишиња вакцина против клостридиум, две вакцини за мали кучиња и прашок и вакцини за гулаби.

Одземените ветеринарно – медицински лекови ќе бидат уништени.