Започнаа археолошките истражувања на Китино Кале

Категории: Кичево, Слајдер

kitinokale1

Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со Музејот на Западна Македонија во НОВ од Кичево, почна сондажни археолошки истражувања на локалитетот Китино Кале. Проектот е финансиран од програмата за капитални проекти на Владата и е координиран од Управата за заштита на културно наследство. Раководител на проектот е Орданче Петров.

Откриените археолошки структури и движните наоди на керамиката и монети, укажуваат на живот на овој локалитет од енеолитот се до доцниот среден век.

– По три децении повторно се истражува на овој археолошки локалитет, со што се отвора нова страница во архелошката наука. Истражувањата  започнаа на почетокот на овој месец, се вршеа на две локации, пред со цел за утврдување на границите на археолошкиот локалитет и неговите контактни зони; откривање на археолошки структури, односно остатоци и добивање на податоци за стратиграфијата и карактерот на наоѓалиштето, како и за самите наоди,  изјави Весела Честоева, директор на Археолошки музеј на Македонија.

Директорот на Управата за  заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ рече дека локалитетот е селектиран согласно сознанијата дека се работи најголемиот антички и средновековен цивилизациски центар во кичевскиот регион.

– Овогодишните истражувања отворија значаен прозорец во познавањата на археолошката стратиграфија на локалитетот. Видливите остатоци од античките и средновековни ѕидови во комбинација со археолошките наоди и постојниот градски парк, денес ни предочуваат значајни комбинирани елементи на централен археолошки локалитет којшто во догледно време ќе биде еден од носечките столбови во развојот на локалната заедница преку археологијата во Кичево и Кичевско, рече Лилчиќ.

Раководителот Петров посочи дека во рановизантиско време на возвишението најверојатно се наоѓал кастел кој го контролирал крстопатот на патниот правец кој од Скупи (Скопје) водел кон Лихнид (Охрид) на југ и Прилеп на исток.

– Врз неговите остатоци во средниот век било подигнато утврдувањето, чии остатоци се видливи на површина  до ден денес. На  истата локација подоцна егзистирал средновековниот град Кичево, кој со ова име за првпат во пишаните извори се споменува кон почетокот на 11 век. Градот на оваа локација опстојувал се до 15ти век заедно со цивилната населба која се простирала на западното подножје. Во овој период, по турските освојувања, населбата целосно се поместува кон рамницата, а во утврдувањето останала само стражата, изјави Петров.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,