Заврши антитерористичката акција во Грозни, загинаа 10 полицајци (фото, видео)

Категории: Свет, Слајдер

Заврши активната фаза од антитерористичката операција во чеченската престолнина Грозни против групата екстремисти, кои го нападнаа Домот на печатот, во центарот на градот.
chechnya-terror-killed.si
Меѓу урнатините на разурнатата зграда и на соседното училиште се најдени телата на осум бандити, како и 24 рачно изработени експлозивни направи, подготвени за употреба, како и гранати и муниција, соошти ТАСС, цитирајќи го рускиот Национален антитерористичкин комитет (НАК).

ssss-1

И натаму трае претресот на пошироката територија на која се водеше борбата со сега веќе неутрализираните терористи.

Експерти за пиротехника почнале со деминирање на експлозивните направи.

Полицикси форензичари, пак, се обидуваат да ги идентификуваат телата на убиените бандити, се проверува нивното евентуално соучесништво во други терористички злосторства, се изведуваат оперативно-трагачки и истражни дејствија.

Како што НАК денеска соопшти, во специјалната операцијата загинаа 10 и ранети се уште 28 полицајци и соработници на силите за безбедност, кои по цена на својот живота го спречиле терористичкиот акт.

Напаѓачите, во 1 часот по полноќ, пристигнале во Грозни со три автомобили и притоа ја нападнале патролата на сообраќајната полиција. Потоа упаднале во Домот на печатот, каде се наоѓаат редакциите на весниците и интернет-изданијата во оваа руска кавказка република, како и соседното училиште.

Полицијата ги  блокирала двете згради, а во центарот на градот бил воведен специјален режим на движење за време на изведувањето на за контратерористичката операција. Тоа на безбедносните сили им дало можност да дејствуваат бескомпромисно во ликвидирањето на бандитите, посочува ТАСС.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,