Заврши 2-от Национален саем за мед Кичево 2013

Категории: Кичево, Слајдер

 

По четиридневни активности, вчеравечер заврши„ 2-от Национален саем за мед Кичево 2013“. На саемот се представија околу 20 излагачи од повеќе градови во земјава.

Се одржаа и повеќе трибини кои беа во интерес на пчеларите и зголемување на приносите од мед. Во исто време голем број граѓани се снабдија со квалитетен македонски мед и други производи од пчели. Беше промовирано и  брзорастечкото растение „Пауловнија“, која може да го зголеми приносот на мед за дури 30 проценти, истата се користи и во козметичката индустрија, во производство на парфеми, кремови и слично.
– Можеме да бидеме задоволни од одзивот на пчеларите на годинешниот саем, бидејќи повеќето градови имаа свои представници со штандови, на кои ги претставија своите производи. Догодина планираме проширување на активностите и воведување и нови содржини, а се надеваме за прв пат да имаме и учесници од странство- рече Коста Галиманоски, претседател на земјоделското здружение „Виножито“ од Кичево.
Зоран Антоски

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,