Во најава формирање на здружение за зачувување на Кичево

Деновиве се појави иницијатива за формирање на здружение за зачувување на Кичево. Иницијаторите посочуваат дека здружението нема никаква партиска позадина и во него може да членува секој кој е лојален граѓанин на Република Македонија.

Упатуваат апел до сите кичевчани кои се пронаоѓаат во нивните цели да се приклучат и да се обединат. Информираат дека процесот на регистрација е во тек, а неговото раководство треба да избрано на основачко собрание каде ќе биде решено и за сите детали за понатамошно делување за кое допрва ќе информаираат.