Отворен ден на „Зелен енергетски клуб“ – О.У. „Кузман Јосифоски – Питу“ од Кичево

Под покровителство на ЕВН – Македонија О.У.,,Кузман Јосифоски – Питу,, оваа година се изведуваше вториот степен на Проектот ,,Зелени енергетски клубови,,во текот на целата учебна година.

Каде што учениците учесници од 4,5 и 6 одд. Учеа, се дружеа и преку игра се стекнаа со знаења за електричната енергија и се што е поврзано со неа, а се за една единствена цел подигање на општата енергетска култура на учениците и нејзино штедење,значењето и потребата на штедење ел.енергија и стекнување на позитивни навики за штедење и нивно пренесување на другите и во семејството.

По тој повод н денес 23 мај 2013год. во училиштето ќе биде организиран отворен енергетски ден со почеток во 12.30 часот за учесниците во клубот се претстават,презентираат и покажат што научиле,направиле и како тоа го применуваат пред гостите : од ЕВН, од локална самоуправа,родители и наставници од училиштето. Екипата составена од 6 ученици

на 7 јуни 2013 год. во Струга ќе учествува на државниот натпревар на ,,Енергетските клубови,, од Република Македонија.