Ќе се даваат во закуп 2.371 хектари државно земјоделско земјиште

Категории: Македонија, Слајдер

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во регионите Гевгелија, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Крушево, Кичево, Кратово, Чаир, Виница, Македонски Брод, Гостивар и Охрид со вкупна површина од над 2.371 ха, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Максималната површина за која може да аплицира и да ја добие еден понудувач по овој оглас во однос на понудените катастарски парцели е 10 хектари.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е за подигање на маслинарници за период до 50 години, за долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, за спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години, за рибници за период до 20 години, за одгледување други земјоделски култури за период до 15 години и за користење ливади за период до 15 години.

– Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. На огласот можат да аплицираат и трговци поединци, но, услов е ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија, се појаснува во соопштението од МЗШВ.

Лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост немаат право да учествуваат на огласот, исто како и правните лица за кои е отворена стечајна постапка. Законска можност да  аплицираат за овој оглас немаат ниту непрофитните организации.

Заинтересираните физички и правни лица со апликацијата, должни се да достават и понуда за износот на годишната закупнина. Понудите по овој јавен оглас заинтерситаните треба да го достават до Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство во рок од 30 дена од денот на објавувањето на истиот.

Увид во податоците за секоја површина од земјоделското земјиште кое се нуди со овој оглас, заинтересираните увид можат да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која е надлежна за огласената површина.

Образецот за учество на јавниот оглас заинтерсираните субјекти може да  го подигнат во подрачните единици на Министерството.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон –  02/313 44 77 или да ја посетат веб страницата на Министерството – www.mzsv.gov.mk .

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,