Земјотрес го затресе Кичево

Утринава земјотрес беше почувствуван во Кичевскиот регион со јачина од 4 степени според Европската макросеизмичка скала. Земјостресот бил регистриран и од апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје во 11 часот и 14 минути. Земјотресот силно бил почуствуван и во соседнотот Крушево.