Што зборуваат за вас чевлите кои ги носите

Секоја жена би сакала да има плакар полн со чевли, но секогаш постојат најомилени кои најчесто се носат, а тие многу зборуваат за тоа каква личност сте.

Чевлите многу откриваат за карактерот на личноста која ги носи, особено ако видите лице кое неколку пати по ред е во ист тип на обувки, што значи дека тоа е омилена обувка.

Високи потпетици со отворени прсти носат жени кои отворено ја покажуваат својата женственост, сакаат другите да се вртат по нив и флертуваат на сите страни.

Чевлите со платформа зборуваат дека се работи за жена која не сака да се вклопува во масата околу себе, точно знае што сака, а карактерот е цврст и непопустлив.