Кичево има потенцијал за голем зимски туристички центар

Градот Кичево има поволна географска положба и идеални климатски услови. Самиот град, сместен во котлината, има надморска висина од 650 метри, додека планинските масиви околу него достигнуваат висина од над 2000 метри.

Кичевскиот регион се наоѓа под влијание на топло континенталната и планинската клима. Зоната на влијание на топло континенталната клима во Република Македонија е во висински појас од 600 до 900 м н.в. што значи во ова климатско подрачје во Кичевскиот регион се наоѓа градот Кичево и поголем дел од населените места, а планинските подрачја се под влијание на планинската клима.

Годишната средна температура во потесното градско подрачје изнесува 10,7 С при што апсолутниот месечен максимум на температурата изнесува 40,5 С додека апсолутниот месечен минимум изнесува – 23 С. Средната годишна максимална температура изнесува 17,1 С, а средната годишна минимална температура изнесува 5 С . (Извор: www.kicevo.gov.mk)

Двата најблиски аеродроми во Скопје и Охрид се оддалечени 120, односно 50 километри.

Положбата на Кичево во централниот дел на западна Македонија

Планините околу градот имаат одлична конфигурација на кои можат да се изградата скијачки терени, со што градот би прераснал во зимски туристички центар. Досега се разгледувани барем 2 проекти, но од реализација, до денес нема ништо.

Првиот проект предвидува поврзување на градот со блиските терени на планината Бистра. Наводно, сумата за негова реализација изнесувала 7 милиони тогашни германски марки (3,5 милиони евра). Лично, не се сложувам со оваа пресметка и сметам дека за успешна реализација на овој проект се потребни барем 3 пати повеќе пари.

Вториот проект не е директно поврзан со темата. Имено, станува збор за изградба на вештачкото езеро над село Белица. Локацијата на ова вештачко езеро е под Илинска планина, јужно од Кичево. Самата Илинска планина ги има едни од најдобрите потенцијални ски-терени во Македонија. Проектот со вештачкото езеро е прекинат во 1993 година по смената на Мито Маркоски и раководството на ЕСМ и доаѓањето на Панде Лазаров и неговите луѓе.

Еве една тема на која можат да размислуваат идните општински власти. Ќе ги презентирам замислите за најмалку 2 потенцијални скијачки центри кои на градот и селата би им донеле економски просперитет.

СКИ ЦЕНТАР БЕЛИЦА

Би се изградил над самото село Белица, односно токму над предвиденото вештачко езеро. Регионот е незагаден и нуди одлични услови за развој на планински и селски туризам. Богат е со води и неоткриени пештери. Во минатото тука поминувал стар пат, кој за време на Рим бил калдрмисан и бил крак на Виа Егнација. Помеѓу локалното население кружи легендата дека Александар Македонски поминал токму оттука кога одел во поход на северните племиња. Во близина на предвидената туристичка населба постои и археолошки локалитет од античка и средновековна населба чие име сеуште не е утврдено. Постојат предпоставки дека Св. Климент има поминато оттука, а на својот пат, токму тука основал училиште. Регионот изобилува со стари цркви и манастири, во близина е манастирот посветен на Св. Богородица Пречиста (Кичевска) како и повеќето од црквите и манастироте за кои имам пишувано (види во колоната лево). Од самиот планински врв се овозможува незаборавна глетка.

Се гледа скоро половина западна Македонија, се до Охридското езеро на југозапад и битолско и леринско поле на југ.

Кичево – Врв, воздушна оддалеченост. Клик на сликата за поголема резолуција

Далечината воздушно од центарот на градот до врвот на планината е 18 километри (според Google earth). Самиот врв се гледа од градот.

Кичево – Врв, патна оддалеченост. Клик на сликата за поголема резолуција

Патната оддалеченост од Кичево до врвот е 27,6 километри, од кои оддалеченоста на најблиското населено место (Белица) до врвот е нешто помалку од 6 километри. Оддалеченоста на претпоставената туристичка населба до врвот и скијачките терени е (максимум) 2 километри, Оддалеченоста на селото Белица до туристичката населба е 3-4 километри. Патот до селото Белица е асвалтиран, додека патот до местото на кое треба да биде изградена браната е пробиен, а на тоа место сега се наоѓа помала брана која е во функција на постоечка мала хидроцентрала која функционира од пред неколку децении.

Вештачкото езеро и туристичката населба која зафаќа површина од околу 15 хектари. Клик на сликата за поголема резолуција

На сликата се претставени вештачкото езеро и замислената туристичка населба. Населбата е замислена да се изгради на рид кој има амфитеатрална положба и гледа кон запад. Влезот во населбата е преку браната, од северната страна. Ски-терените се од јужната страна и до нив може да се дојде пеш или преку 2 ски лифтови. Во близина има водовод од кој се снабдува селото Белица и кој има капацитет да ги задоволи потребите на туристичката населба. Во околината сеуште има бачила кои можат да се искористат како мали угостителски објекти. Ски терените гледаат кон север. Снежна покривка има од Октомри па се до Мај, а на некои места и преку цело лето.

Клик на сликата за поголема резолуција
Клик на сликата за поголема резолуција. Поглед кон ски центарот со езерото од северната страна.

Двете замислени големи жичари се со максимална должина од 1,94 односно 1,76 километри и водат до под самиот врв. Овој ски центар директно би вработил најмалку 200 луѓе, а индироктно барем 10 пати по толку. Со добро смислена и не многу скапа кампања би привлекол домашни и странски туристи. Околните села, но и самиот град Кичево би имале огромна корист од изградбата на овој зимски центар.
СКИ ЦЕНТАР КНЕЖИНО

Поглед кон кичевскиот-мавровскиот регион. Клик на сликата за поголема резолуција

Овој зимски туристички центар би се изградил во околината на селото Кнежино. Има можност за поврзување со жичара и до самиот град Кичево. Сосем блиску до ова место е и ски центарот Маврово.

Клик на сликата за поголема резолуција
Клик на сликата за поголема резолуција

Воздушната оддалеченост од градот Кичево до неискористените скијачки терени на планината Бистра е максимум 12 километри. Ски центарот Мацрово е на околу 24 километри воздушна оддалеченост од градот.Терените кои би ги користел ски центарот Кнежино се оддалечени околу 6 километри од центарот градот Кичево. Овде, покрај Кнежино, има можност за изградба на уште една туристичка населба, подолу, а тоа е Крушино. Крушино е добро познат излетнички центар не само за кичевчани, туку и пошироко. Тука можат да се изградат уште неколку хотели, покрај постоечкиот мотел. Оддалеченоста од Крушино до Кнежино, патно е околу 3 километри. И Крушино и Кнежино се поврзани со асвалтен пат, но истиот, доколку се изградат предвидените објекти, треба да се прошири и поправи.

Клик на сликата за поголема резолуција
Клик на сликата за поголема резолуција.Воздушна и патна оддалеченост на Крушино од центарот на градот Кичево
Клик на сликата за поголема резолуција.Воздушна и патна оддалеченост на Крушино од центарот на градот Кичево
Клик на сликата за поголема резолуција.Воздушна и патна оддалеченост на Крушино од центарот на градот Кичево

Воздушната и патна оддалеченост на Крушино од центарот на Кичево е 2,21 односно 4,5 километри, додека истата, од Кнежино до центарот на градот е 3,74 односно 7 километри.

Туристичка населба Кнежино. Клик на сликата за поголема резолуција

Замислената туристичка населба и зимски центар, Кнежино е приближно со иста големина како и онаа во Белица, односно 15 хектари. На околу 100 метри е селото Кнежино. Денес на ова место постои мала викенд населба со модерни викендици. Во близина е и „Куќата на уметноста„ и манастирот Св. Ѓорѓија (Кнежински манастир) кој датира од 4 век.

Населбата лежи на рид кој е благонаклонет кон југ. Кон југ и западсе позиционирани и ски терените. Снег тука има од ноември па се до април. Населбата би ја користела водата од постоечкиот водовод и би се вклучила во постоечката електро мрежа. Патот кој води до населбата треба да се подобри и прошири. Во долината под селото Кнежино која се спушта до самиот град може да се изгради и жичара со која би се стигнувало до населбата. Ски терените се во близина на самата населба, па се до врвот над Кнежино. Жичарите (4-6) кои би се изградиле би била во вкупна должина од 4-6 километри.

Кнежино – Врв, воздушна оддалеченост. Клик на сликата за поголема резолуција

Воздушната оддалеченост од селото Кнежино до врвот е 3,76 километри. Од следната слика јасно се забележуваат предвидените ски терени на кои би се изградила соодветна инфраструктура (жичари, планински куќички…).

Поглед кон Кнежино од југоисточната страна. Клик на сликата за поголема резолуција
Белица-Кнежино, воздушна оддалеченост. Клик на сликата за поголема резолуција

И двата замислени центри се оддалечени максимално 15 километри еден од друг. Патувањето од едно до друго место е 20-30 минути. Добар пример за развој на овие зимски е ски центарот Кожув (http://www.skikozuf.com.mk) на југот на Република Македонија (види план). Кичево со реализација на овие проекти ќе стане регионален зимски центар со големи сместувачки капацитети. Приходите од зимскиот туризам на градот би изнесувале неколку милиони евра годишно што за град од 60 000 жители е одлично.

Вреди посериозно да се размислува.