Значително поефтинување на бензините и дизелот

Категории: Македонија, Слајдер

Новите малопродажни цени на горивата се објавени, вечерва на полноќ бензинот и дизелот поевтинуваат.

Ова е прво позначително намалување на цените на горивата во изминатиов период. Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени, цените на горивата се намалуваат во просек за 5.33%.

Тоа значи дека од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе поевтинат за 4.50 денари по литар и ќе се продаваат по цена од 78 односно 79.50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 3.50 денари, и литар дизел ќе се продава за цена од 67 денари за литар.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,