Напредок некомплетен пред утрешното дерби

Она што деновиве го ветија челниците на Напредок, дека теренот за неделниот натпревар ќе биде целосно подготвен и дека истиот ќе се одигра во апсолутно регуларни услови во целост и го исполнуваат.
Така што во текот на денот бројна екипа работници го чистат теренот на градскиот стадион во Кичево и истиот до утре напладне ќе биде комплетно подготвен за неделното дерби со Металург.
Што се однесува до подготовките на екипата таа работи со умерен интензитет, а во текот на денешниот ден фудбалерите имаа полесен тренинг и масажа.Во клубот се загрижени поради отсуството на четворицата фудбалери, кои се со селекцијата во Турција и кои по неполни два дена ќе мораат да одговорат на клупските обврски во дербито на колото.Од таа четворка репрезентативци на повреда се жали Најдовски кој се повредил деновиве во Анталија и Бочевски ќе мора да побара алтернација за неговото место на бочната позиција.
-Пред дуелот со Металург имавме големи проблеми со работа на терен, бидејќи снегот дефинитивно го оневозможи нормалното функционирање на екипата.Исто така останува дилемата дали нашите кандидати од репрезентација, ќе можат да се ревитализираат по неполни два дена пауза.Добивме информација дека во Анталија се повредил Најдовски и тоа е дополнителен проблем за нашата екипа и голем хендикеп за дуелот со аспирантот за третото место.Од друга страна Металург нема такви грижи и тоа е дефинитивно предноста на гостите од Скопје пред неделниот дерби натпревар.На крај ќе повторам дека ние и покрај сите потешкотии со кои се соочуваме ,ќе дадеме се од себе за да докажеме дека нашата позиција на табелата не е случајност, туку плод на објкективен квалитет на екипата -рече Драган Бочевски, тренерот на Напредок.
Мечот во недела стартува во 13 часот а делител на правдата ќе биде Фатон Мустафи од Тетово.И покрај зимските услови се очекуваат барем 1000 гледачи на разделбата од фудбалската 2012година.

Зоран Антоски
Извор: www.sportefe.com.mk

Exit mobile version