Илјада социјални пакети за најзагрозените семејства од Кичево

Општина Кичево во соработка со подружницата на ЕВН од овој град, на 1000 најзагрозени семејства вчера им додели социјални пакети.
-Нашата општина во соработка со ЕВН подружница Кичево а по повод големиот верски празник Курбан Бајрам,додели 1000 социјални пакети на најзагрозените семејства од Општина Кичево.Вредноста на секој од овие пакети изнесува 600 денари или издвоена е вкупна сума во износ од 10 000 евра.Овие пакети нема да ги добијат само семејства од Исламска весоисповест, туку  се доделени и на најранливите  категории од останатите верски конфесии-рече Рамиз Реџепи,секретар на општина Кичево.
Инаку овие прехрамбено- хигиенски пакети, содржат брашно,шеќер,зејтин,шампон, ориз и други намирници неопходни за неколкудневно задоволување на  потребите на едно просечно семејство.
Зоран Антоски
Exit mobile version