22 меморијален планинарски марш во чест на Рацин

По повод 75 години од трагичната смрт на големиот македонски книжевен деец и активист Коста Солев Рацин (1908 – 1943) на Лопушник, ПСД „БИСТРА“ и ПЕД „Ендорфин” од Кичево го организираат Дваесет и вториот меморијален планинарски марш во чест на Великанот.

Искачувањето до врвот Стог (споменик – 1576 м.н.в.) започнува од с. Извор во 7:30 часот.

Должината на патеката изнесува 12 км во еден правец. Првиот дел води по колски пат, сѐ до ливадата кај Долни Лопушник. Оттука се продолжува по козја патека низ букова шума. Пред врвот Стог повторно патеката се приклучува на колскиот пат.
На слегување се оди до местото на загинувањето на Рацин и се полага свежо цвеќе.

Потребна опрема:
– разгазени планинарски чевли, облека според временските услови, кабаница за дожд, капа, стапчиња.

– Храна и вода 1,5 л. од ранец

НАПОМЕНА:
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.
– Секој учесник е должен да ги почитува препораките и насоките на водичите.
– Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина;
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.