Кичевскиот совет ќе го носи буџетот за 2015 година

Советниците во општина Кичево утре ќе ја одржат 25-тата седница на советот. На дневен ред ќе се најдат следните точки:

1. Предлог Буџет на Општина Кичево за 2015 година.
2. Предлог Одлука за извршување на буџетот на Општина Кичево за 2015 година.
3. Предлог Одлука за измена и дополна на траен отпис на даночните обврски.
4. Предлог Програма за развој на културата во Општина Кичево за 2015 година.
5. Предлог Програма за активностите на Општина Кичево во областа на спортот и рекреацијата во 2015 година.
6. Предлог Програма за активностите на Општина Кичево од областа на социјалната заштита и заштитата на децата во текот на 2015 година.
7. Предлог Програма за поддршка на Локалниот економски развој на Општина Кичево за 2015 година.
8. Предлог Програма за реализација на наменски дотации во областа на животна средина.
9. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ЈОУД – детска градинка „Олга Мицеска“ Кичево.
10. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ОСУ „Мирко Милески“ Кичево и Финансиски план Плус.
11. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ОСУ „Дрита“ Кичево и Финансиски план Плус.
12. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево и Финансиски план Плус.
13. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ОУ „Кузман Јосифоски Питу“ Кичево и Финансиски план Плус.
14. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“ Кичево и Финансиски план Плус.
15. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ОУ „Милто Гура“ село Стрелци.
16. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ОУ „Фаик Коница“ село Грешница.
17. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ОУ „Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег“ село Србица.
18. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ОУ „Наим Фрашери“ село Јагол Доленци.
19. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ОУ „Реџо Рушит – Зајази“ село Зајас.
20. Усвојување на Финансиски план за 2015 година на ОУ „Христо Узунов“ село Другово.
21. Предлог Одлука за отпочнување постапка за изработка на ДУП за населба „Под Крушино“ – прв дел ГП бр. 5.37, Блок 5 на КП бр. 2886, КО Кичево 5.
22. Предлог Одлика со која се утврдува дека ќе се донесе урбанистичко планска документација за населба Раштани.
23. Предлог Одлука за давање на користење без надомест на движна ствар – патничко моторно возило за итна медицинска помош.