Советот на општина Кичево ќе ја одржи четвртата седница

Кичевскиот совет утре ќе ја одржи четвртата седница. На дневен ред се поставени 26 точки. Седницата е закажана за 10.00 часот.

Дневен ред

1. Предлог измени и дополнувања на Буџетот на Општина Кичево за 2013 година (ребаланс).
2. Усвојување на Квартални извештаи за извршување на Буџетот на Општина Кичево за извештајниот период од 01.01.2013 година до 31.03.2013 година. (квартал 1).
3. Предлог Одлука за припојување на ЈП „Пастертија“ – Зајас, ЈКП „Бисер“ Вранештица, ЈП „Хигиена“ Другово, ЈП „Хигиена“ Осломеј ЈП „Естетика“ 2002 Зајас, на ЈП „Комуналец“ Кичево.
4. Предлог Одлука за употреба на знамето на албанската етничка заедница во јавниот и службениот живот на територијата на Општина Кичево.
5. Предлог Одлука за определување на реонизација на зони во Општина Кичево (град Кичево и населени места).
6. Предлог Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Кичево за 2013 година.
7. Предлог Одлука за донесување на ДУП за индустриска зона „Вранештица“ – Општина Кичево, 2011 – 2016 (2,3ха – Општина Кичево).
8. Нацрт Одлука за утврдување на Нацрт на ДУП за измена и дополна за населба „Кутлабица – 2“ УЕ „Г“ Блок Г11 – дел во Кичево – Општина Кичево.
9. Нацрт Одлука за утврдување на Нацрт на ДУП за измена и дополна за населба „Девеана“ УЕ „Д“ Блок Д7 – дел во Кичево – Општина Кичево.
10. Нацрт Одлука за утврдување на ДУП за измена и дополна за населба „Чифлик“ УЕ „А“ Блок А 6, ГП бр.2.9 на КП. бр. 2043 во Кичево – Општина Кичево.
11.Нацрт Одлука за утврдување на Нацрт на ДУП за измена и дополна за населба „Девеана“ ГП бр.11 Блок 3 на КП. бр. 769/1 во Кичево – Општина Кичево.
12. Нацрт Одлука за утврдување на Нацрт на ДУП за населба „Кутлабица – 2“ УЕ „Г“ Блок „Г 11“ ГП бр. 312 на КП. бр. 4221/10 во Кичево – Општина Кичево.

13. Предлог одлука за отпочнување постапка за изработка на измена и дополна на ДУП за населба „Блок 1 дел од касарната „Чедо Филипоски – Даме“ Општина Кичево.
14. Предлог Одлука за отпочнување постапка за изработка на измена и дополна на ДУП за населба „Календерица – 2“ дел од Блок 2 на ГП бр. 1.22, КП бр. 6.36/1 Општина Кичево.
15. Предлог одлука за отпочнување постапка за изработка на измена и дополна на ДУП за населба „Коњски ливади“ УЕ „Г“ Блок Г – дел – Општина Кичево.
16. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе урбанистичко планска документација за КП. бр. 5459/4, КО Кичево 9, заради утврдување на правен статус на бесправни објекти.
17. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на ДУП за дел од населба „Горно Пашино“ – Кичево, донесен со одлука на совет на Општина Кичево бр. 08-309/12 од 26.07.1994 година.
18. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на ГУП на град Кичево за населба „Под Крушино“ – II – УЕ „Ж“ и УЕ „3“ Општина Кичево.
19. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на ДУП за дел од населба „Бала маало“ Кичево, донесен со одлука на совет на Општина Кичево бр. 07-1016/4 од 14.07.2000 година.
20. Предлог Одлука за утврдување на приоритет на проект – изведба на локален пат во населено место Зајас – Укај.
21. Предлог Одлука за давање согласност за намена на инвестицијата за реализација на проект – изведба на локален пат во населено место Зајас Укај.
22. Предлог Одлука за утврдување на приоритет на проект изградба на водовод во с. Длапкин Дол.
23. Предлог Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата реализација на проектот изградба на водоводот во с. Длапкин Дол.
24. Предлог Одлука за утврдување на приоритет на проект – изградба на пешачки патеки и парковско осветлување за Китино кале.
25. Предлог Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата реализација на проект изградба на пешачки патеки и парковско осветлување за Китино Кале.

Exit mobile version