Кичевските извидници прославија 60 години од основањето на ИО „Мирко Милески“

Минатава сабота, извидниците на Извидничкиот одред „Мирко Милески“ организираа прослава по повод 60 години од работата на одредот.

Прославата беше исполнета со свечена академија која се одржа во хотел Кичево и чајанка која се одржа во кампот на одредот. На прославата присуствуваа основачите на одредот, старешини и делегации од одредите во Република Македонија, како и членовите.

Во овие 60 години Извидничкиот одред „Мирко Милески“ има организирано и учествувано на многу настани, а неколку од нив се: Партизанскиот Вишебој, Првомајскиот логор, Црвениот Септември и многу други.