Демир Хисар слави 69 години од ослободувањето

Свеченостите на одбележувањето на 69 годишнината од ослободувањето на Демир Хисар  започнаа со церемонија на традиционално положување цвеќе на споменикот на Демирхисарските револуционери во градскиот парк. Цвеќе положија делегации на Советот на општината предводена од претседателот Кире Ристевски, градоначалникот Љупчо Блажевски, Општинскиот одбор на Сојузот на борците и Општинското здружение на пензионерите.

Во големата сала на Домот на културата, Советот на општината одржа сцвечена седница на која што покрај советниците на власта и опозицијата и градоначалникот, присуствуваа бројни гости  – претставници на општинските јавни претпријатија, установи и органи на државната управа, МПЦ – ОА, поранешни претседатели и градоначалници на општината и други гости.

– Ние, претставниците на оваа генерација политичари, раководители или други вршители на јавни и општествено одговорни функции и професии, како покажани и докажани верни наследници и следбеници на минатото и традициите, еве и по толку години опстојуваме, достоинствено одбележувајќи ги сите важни датуми, без оглед на периодот кога се случиле и без оглед на околностите во кои се прогласени за важни датуми. – рече во своето обраќање, покрај другото советникот Ѓоко Василевски кој, заради неодложно службено отсуство на претседателот Кире Ристевски, со одлука на Советот, претседаваше со свечената седница.

Пред советниците и гостите говореше и градоначалникот Љупчо Блажевски кој честитајќи го Денот на ослободувањето на општината, рече дека овој ден и сите вакви празнични и свечени прилики будат чувство на гордост и благодарност, чувство на одговорност и обврска спрема сите граѓани кои го одбрале Демир Хисар за свое место за живеење и кои дале посебен придонес во неговиот развој.  Образложувајќи ја неговата иницијатива за донесување одлука за востановување нови јавни признанија на општината, рече дека на Советот ќе му предложи да се востановат наградите: Почесен граѓанин, , Награда за животно дело, Општина Демир Хисар и Грб на Општина Демир Хисар, како и признанија за постигнати врвни резултати на ученици и наставници.

– Наградите се значајни за професијата, за личност, институциите, но и за пошироката јавност, зошто преку  нив индиректно се посочуваат  правците во кои треба да се размислува и да се вложуварече покрај другото градоначалникот Блажевски.

Годинашното одбележување на Денот на ослободувањето беше збогатено и со промоција на монографијата „Развојот на системот за опдбрана и заштита во Општина Демир Хисар во дваесеттиот век“ од проф. д – р Менде Солунчевски. Промотори на книгата беа проф. д-р Ристо Дамјановски и проф. д-р Ѓорѓи Малковски.

Exit mobile version