Прекршочна за 71 родител кои не ги вакцинирале децата

Првите 6 месеци годинава, 71 родител заработи прекршочна пријава бидејќи не ги однеле децата да ги примат задолжителните вакцини. Според информациите на zdravstvo24.mk од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, 8 од пријавите се за вакцината ХПВ а 63 за останатите од календарот за имунизација. Родителите ќе завршат на суд а им се заканува казна од 300 до 650 евра бидејќи не го почитуваат законите каде е регулирано ова прашање.

Бројот на пријави за тој период е зголемен и поради “антивакциналното движење” кое пред неколку месеци беше актуелно со наводната поврзаност на вакцината МРП со аутизам. Но по настапите на познати и признати светски експерти кои кажаа дека нема никаква врска вакцината со аутизмот, се стиша и антикампањата.

Инаку согласно законите, вакцинацијата е задолжителна за сите лица од определена возраст против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, црвенка, заушки, хемофилус инфлуенца апит тип Б (Хиб) и вирусен хепатитис Б.
Вакцинација по епидемиолошки индикации се спроведува против тетанус, вирусен хепатитис Б, беснило, жолта треска, цревен тифус, грип и менингококов менингитис.

Здравствените власти тврдат дека во земјата се користат квалитетни и безбедни вакцини а имунизацијата е со опфат над 95%.Според СЗО, околу три милиони лица годишно умираат од болести што можат да бидат превенирани со вакцини.  Од нив, 1,5 милиони се деца до петгодишна возраст.